сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Починат маж пронајден на улица во Гостивар

Починат маж пронајден на улица во Гостивар

Денеска (13 март) во 10 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Илинденска“ во Гостивар бил пронајден починат М.А.(63) од гостиварско Чегране, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид.

По наредба на Јавен обвинител ќе се врши обдукција на телото на починатиот.