Барселона се избори за победа на пеколното гостување на „Сан Мамес“ кај Атлетик Билбао и со тоа направи нов значаен исчекор кон враќање на трофејот од Примера во клупските витрини.
Каталонците славеа со 1-0 со погодокот на Рафиња во финишот на првиот дел, но огромен удел за овој резултат, победата имаше голманот Марк Андре Тер Штеген, но и талентираниот Алехандро Балде кој постојано беше активен, неуморен низ сите 90 минути.
Тој одлично си ја работеше работата како во одбраната така и во нападот, а една негова мајсторија стана вирална и тоа со право. Младиот Балде покажа каква контрола има на топката, поточно како висока и незгодна топка може да ја смири, потег со кој го фрли на тревникот противничкиот напаѓач Нико Вилијамс.
Este control + regate de Balde que deja sentado a Nico Williams que cojones es.
Como aprenda a defender bien el chaval hay lateral para 15 años. pic.twitter.com/nISYQpdGvx
— Nuno (@nunoarribas) March 12, 2023