Времето утре ќе биде ончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Времето во следните денови:
Во среда времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.
Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (наместа и над 70 км/час), а дневната температура значително ќе се намали. Од петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и потопло.