сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ГРУПНА ТЕПАЧКА ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Две лица завршија во болница

ГРУПНА ТЕПАЧКА ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Две лица завршија во болница

На 12.03.2023 во 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, во дворот од затвореното одделение, настанал физичка пресметка помеѓу две групи затвореници.

Притоа, со повреда од остар предмет се здобил осуденикот Н.М.(44) од с.Черкези, кумановско, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Р.К.(33) од с.Челопек, тетовско, кој се здобил со повреда од тврд предмет и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.