недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФИФА го одреди системот на натпреварување за СП 2026: Зголемен бројот на селекции, еве како ќе се поделат

ФИФА го одреди системот на натпреварување за СП 2026: Зголемен бројот на селекции, еве како ќе се поделат

На Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе учествуваат 48 репрезентации, кои ќе бидат поделени во 12 групи со по 4 селекции, пренесува британски Атлетик.

Британските медиуми потсетуваат дека на Светското првенство во 2026 година што ќе се одржи во Мексико, Канада и САД ќе учествуваат 48 репрезентации.

-Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го одреди форматот на натпреварувањето на следното СП 2026. Во првото коло ќе играат 48 селекции кои ќе бидат поделени во 12 групи со по четири селекции. Двете најдобри селекции од секоја група и осум најдобри од третопласираните репрезентации. Тоа значи дека на следниот Мундијал ќе се одиграат 104 натпревари наместо досегашните 64, велат од Атлетик.

Британските медиуми истакнуваат дека не е прифатена идејата 48-те репрезентации да се поделат во 16 групи со три селекции.

-На Мундијалот ќе учествуваат уште 16 репрезентации. Од тие 16 репрезентации, три места на Светското првенство треба да добијат азиските репрезентации, четири африкански, две северноамерикански, две јужноамерикански, три европски и едно тимот од Океанија. Последниот учесник на Светското првенство ќе биде познат по интерконтиненталните бараж натпревари, се заклучува во текстот на Атлетика.

Европските квалификации за СП 2026 година ќе започнат во март 2025 година и ќе траат една година.