Хрватскиот тим ППД Загреб подготви одговор за трансферот на Мануел Штрлек во Нексе и ќе го врати во своите редови црногорскиот бек Вуко Борозан.
Некогашниот ракометар на Вардар беше дел од „плинарите“ минатата година, но не одигра ниту минута затоа што неговиот договор беше раскинат.
Сепак, 29-годишниот лев бек ќе добие нова шанса во ППД Загреб и ќе биде главен адут во битката за титулата.
Црногорецот низ кариерата покрај за Вардар играше и за Ал-Араби, Веспрем ,Либек,Металург и Карловац.