недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Коњановски: На средбата со Регионалната стопанска комора ќе ги слушнеме нивните барања и сугестии Битола да ја направиме пристојно место за живеење со перспективи за младите

Коњановски: На средбата со Регионалната стопанска комора ќе ги слушнеме нивните барања и сугестии Битола да ја направиме пристојно место за живеење со перспективи за младите

На средбата со Регионалната стопанска комора ќе ги слушнеме нивните барања и сугестии Битола да ја направиме пристојно место за живеење со перспективи за младите, порача градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

„Дозволете, да посакам добре дојде до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски на оваа регионална средба со Регионалната стопанска комора од југозападниот дел на Република Македонија, со седиште во Битола.

Ова е континуитет на средбите кои ги ветивме уште од предизборието и еве во неколку наврати веќе се среќаваме, се собираме да ги размениме нашите искуства, да ги видиме проблемите на бизнис заедницата. Зошто, на самиот почеток кажав, ние сме нивни партнер, ние сме сервис на граѓаните и Општина Битола така и делува во изминатава година и пол.

Добро е и претседателот да ги слушне нивните сугестии, желби, барања, поплаки можеби за она што е сработено или она што треба да се сработи.
Тука сме да ги слушнеме нив и јас, пред се, би им дозволил нив повеќе да говорат денес, отколку ние. Ние сме тука да ги слушниме, повторно велам, нивните барања, заложби, се со цел Битола да го направиме пристојно место за живеење, да овориме што повеќе работни места, младите да ни останат тука, а има перспективи.

Битола е жив град, Битола е град кој има потенцијали и со оваа заедница на луѓе со кој секојдневно комуницираме, навистина сме на прав пат“ – порача тој.

Најнови вести