вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грчки експерти тврдат: Големата трагедија можеше да се спречи!

Грчки експерти тврдат: Големата трагедија можеше да се спречи!

Куќи изградени во борова шума, немање планови за евакуација, лошо организирани пожарникари и итни служби поради мерките на штедење- страшните пожари околу Атина можеби ги изненадија Грците, но не и експертите.

Најмалку 80 лица загинаа во пожарите што се случија во понеделникот вечерта, а на грчката влада на премиерот Алексис Ципрас ѝ се поставуваат прашања како таа воопшто можела да дозволи да се случи таква катастрофа.

Според експертот за шумарство Никос Бокарис, регионот во кој се наоѓа селото Мати ги исполнувал сите услови за катастрофата од библиски размери. Бокарис нагласува дека тоа било неизбежно да се случи поради куќите наредени меѓу боровите, од кои некои немаат ни пристапен пат.

-Боровите се стари, многу високи и широки, а тоа е гориво за ширење на пламенот. Ова создава огромна маса топлина изјави Бокарис за АФП.

Иако експертите се согласни дека до пожари од вакви размери доаѓа главно поради климатските промени, Кипрас запоставил многу важен елемент.

-Превенција. Уморни сме од постојано повторување, а ништо да не се менува. Добро организиран план за евакуација можеше да го намали бројот на жртви во Мати, вели Кристијан Теохари, експерт за животна средина.

Неколку жртви останаа заглавени во автомобилите поради сообраќајниот колапс што се случи кога жителите и туристите во паника се обиделе да избегаат.