четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведена кичевчанка во чиј дом е пронајдена марихуана

Приведена кичевчанка во чиј дом е пронајдена марихуана
илустрација

Кичевската полиција синоќа во 19.40 часот ја лишиле од слобода С.М.(25) од Кичево. При претрес во дом и други помошни простории каде престојувала С.М., извршен со судска наредба, од страна на полициски службеници биле пронајдени кеса и тегла со марихуана и метална дробилка.

Како што информираат денеска од МВР, С.М. е приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.