сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Швајцарскиот скијач Марко Одермат испиша историја

Швајцарскиот скијач Марко Одермат испиша историја

Швајцарскиот скијач Марко Одермат испиша историја со денешната победа во велеслаломската трка во завршницата на Светскиот куп во Андора со што дојде до рекорден збир од 2024 бодови, 24 повеќе од досегашниот рекордер Херман Маер, кој во сезоната 1999/2000 освои 2000 бодови.

До 13. победа сезонава, со која се израмни со рекордерите Ингемар Стенмарк и Марсел Хиршер според бројот на победи во една сезона, Одермат дојде на убедлив начин пред Норвежанецот Хенрик Кристоферсон (+2.11) и Марко Шварц од Австрија (+2.29).

Најдобрите светски скијачи в недела ќе се борат за слаломскиот Мал кристален глобус