понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Балканско првенство за Германски овчари денес во Волково

Балканско првенство за Германски овчари денес во Волково

Македонскиот клуб за Германски Овчари (MKGO) и оваа година традиционално го организира Балканското првенство за Германски овчари “BALKANICA 2023”.

Настанот ќе се одржи денес, 19-ти март (недела) на Стадион Волково, со почеток во 9 часот.

-Особена чест и задоволство ни претставува оваа година што истото ќе се одржи на фудбалското игралиште Волково, на територија на нашата општина. Вистински празник за љубителите на оваа раса и кинологијата. Отворена покана од организаторот до сите кои сакаат да ја проследат манифестацијата со почеток од 9 часот, се наведува во официјалната најава која ја објави градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Најнови вести