петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Ристовски му подари победа на Аријан Адеми на неговиот последен меч за Динамо Загреб

Ристовски му подари победа на Аријан Адеми на неговиот последен меч за Динамо Загреб

Динамо Загреб ја совлада Ријека во дербито на колото во Хрватска со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Стефан Ристовски во 67-ма минута. Му го посвети на македонскиот лав Аријан Адеми, кој го одигра последниот меч за Динамо Загреб каде дојде во 2010-та година. Прави трансфер во Кина, за 1,6 милиони евра годишна плата.

Адеми од игра излезе во последните моменти од мечот по што доби овации од навивачите.