понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Населението во Италија се намалува со најнизок наталитет

Населението во Италија се намалува со најнизок наталитет

Стапката на наталитет во Италија продолжува да опаѓа, покажуваат податоците објавени денеска од агенцијата за статистика Истат.

Според последните податоци, во 2022 година се родени 392.598 деца.

Тоа е 7.651 новороденче помалку отколку во 2021 година – и помалку од кој било период од обединувањето на земјата во 19-от век.

Вкупното население се намалило за 179.000 луѓе за една година. На крајот на 2022 година, населението на Италија изнесуваше 58,85 милиони. (МИА)