понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Потресно сведоштво од Грција: Стоев пред куќата на мајка ми, а таа изгорела беспомошна во бањата

Потресно сведоштво од Грција: Стоев пред куќата на мајка ми, а таа изгорела беспомошна во бањата

Најмалку 82 луѓе страдаа во пожарите на југот на Грција, а меѓу жртвите е и 88- годишната мајка на Никос Јанопулос, кој со сопругата и двете деца стоел пред нејзината изгорена куќа, додека спасувачите ја пребарувале секоја просторија.

Јагленисаното тело на старицата го пронашле во купатилото. Јанопулос рекол дека тој претходно ја пребарал куќата, но тогаш не го забележал телото на мајка му бидејќи целото било црно.

-Умрела беспомошна, таа 88 годишна жена. Јас во пожарот ја изгубив сопствената куќа која е во близина, а и мајка ми изгоре. Толку многу луѓе страдаа што на спасувачите им требаа три дена да ја пронајдат,  рекол Јанопулос со глас кој треперел.