петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

На Наташа Беквалац ѝ се заканувал другар на Лука- интервенирала полицијата

На Наташа Беквалац ѝ се заканувал другар на Лука- интервенирала полицијата

Пејачката Наташа Беквалац ја довела ќерката Катја во центарот за социјални работи, како би ја видел татко и Лука Лазукиќ.

Лазукиќ стигнал 10 минути пред Наташа, за да ги пречекал. ИТ експертот има право да ја гледа ќерката секоја среда на половина час.

Но, другар на Лука вербално ѝ се заканувал на Наташа додека таа чекала во автомобил во близина на Центарот за социјална работа.

-Наташа Беквалац и нејзиниот адвокат пријавиле во полициска станица дека во текот на денот во периодот од 13 до 13.30 часот ѝ пришол другар на Лука и вербално ѝ се заканувал. Според наводите на пејачката, таа во моментот се наоѓала во паркираниот автомобил на аголот на Каменичка и Ломина улица на Зелен венец во центарот на Белград, рекол информиран извор.

-Тогаш наводно и пришол другар на Лазукиќ, инаку државјанин на БиХ, З.И. и вераблно ѝ се заканувал. Полицијата реагирала по пријава и според законот, со З.И. во текот на вечерта е извршен разговор и тој е предупреден. За случајот е известено и надлежното обвинителство, додал изворот.

Најнови вести