четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси раскрстува со ПСЖ?! (ВИДЕО)

Меси раскрстува со ПСЖ?! (ВИДЕО)

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси се најде на удар на навивачите по поразот на Пари Сен Жермен од тимот на Рен (0-2) и публиката беше незадоволна од изданието.

Додека го напушташе теренот, свирежите беа насочени кон Лионел Меси. Евидентно беше разочарувањето на лицето на аргентинската ѕвезда кој сè повеќе покажува дека е готов со ПСЖ и дека нема намера да го продолжи договорот.

Видеото погледнете го тука

Интерес за Меси има од неговиот поранешен клуб Барселона, од МЛС-лигата и од Саудиска Арабија. Каде ќе продолжи светскиот фудбалски феномен?

Колку за илустрација на лутината на Лео Меси, Аргентинецот не ги отпоздрави навивачите по натпреварот на „Паркот на принцовите“ кој големиот фаворит шокантно го загуби. ПСЖ е лидер во Лига 1, на добар пат е да ја одбрани титулата, но фановите не се задоволни од игрите.