сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Лионел Меси одлучи каде ќе игра следната сезона

Лионел Меси одлучи каде ќе игра следната сезона

Лионел Меси од вечера е на собирот на репрезентацијата на Аргентина и концентриран е на првиот натпревар на „гаучосите“ по светската титула. Сепак, вечерва медиумите во Шпанија објавија сензационална вест за неговата индина.

Во летото 2021 година Лионел Меси ја напушти Барселона како слободен играч и потпиша за ПСЖ, а следното лето може да се случи обратна ситуација. Договорот на Аргентинецот со парижани истекува на крајот од сезоната.

Преговорите траат подолго време и се чини дека самиот Меси ја одолговлекува одлуката и потписот, што е добро за клубовите кои го посакуваат. Таму најмногу се издвојуваат Ал Хилал и Интер Мајами, но желбата на Меси е да остане во Европа и, ако им се верува на шпанските медиуми, да се врати во Барселона.

Според новинарот Херардо Ромеро, првичниот план на Меси бил да остане во ПСЖ, но неодамна фудбалерот се предомислил. Промената може да биде поврзана и со фактот што ПСЖ беше елиминиран од осминафиналето на Лигата на шампионите, и со гестот што минатата недела го направија навивачите на тимот, кои го исвиркаа Аргентинецот на „Паркот на принцовите“ пред натпреваот со Рен.