Сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, Сашка Веселинов денеска се породи и на свет го донесе момчето Александар.
Таа објави на својот Инстаграм профил испрати порака до својата мајка:
„Среќен роденден мамо, доби внук на подарок“! – напиша таа.
Овој ден секогаш бил важен за нејзиното семејство бидејќи тоа е роденденот на нејзината мајка.
Инаку, прославата во семејството Ѓоковиќ веќе започна, а госпоѓата Ѓоковиќ не ја криеше радоста поради новото засилување во семејството.
-Веќе почнавме да славиме, дома сме со пријателите и семејството. Ние сме семејство кое генерално сака големи прослави, особено кога се работи за вакви работи. Ова е најдоброто нешто што може да се случи и јас сум навистина среќна. Добивме ново внуче, нема ништо поубаво. Ви благодариме за честитките, изјави Дијана Ѓоковиќ.