сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Tурски тренер седна на клупата на Шкупи

Tурски тренер седна на клупата на Шкупи

Турскиот тренер Џхан Арслан е наследникот на Гоце Седлоски на клупата на актуелниот македонски шампион, Шкупи.

53-годишниот стратег е назначен за нов тренер на Шкупи. Тој има големо искуство во Турција, а како еден од поголемите успеси му е настапот во групната фаза од Лига Европа со Акхисар во сезоната 2018/19.

Има работено уште и во екипи како Малатијаспор, Касимпаша, Маниса, Аданаспор, а како фудбалер беше дел и од големиот Галатасарај.

Со него на Чаир доаѓа и Февзи Лајич како помошник. Шкупи во моментов е второпласиран на табелата во Првата лига со 42 бода, четири помалку од лидерот Струга ТЛ.