петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повредена сопатничка: Возило излета од патот Охрид- Кичево

Тешко повредена сопатничка: Возило излета од патот Охрид- Кичево

На 22.03.2023 во 12.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на влез за с.Климештани, општина Дебрца, патничко моторно возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.М.(60) од Охрид, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Х.А.(62) од Охрид констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид.