Принцезата Дијана е запаметена како личност која ја сакаше целиот свет, а со својот изглед, однос кон луѓето и постапки вечно ќе биде во срцата на сите генерации.
Војвотката од Јорк која беше и најдобра другарка на принцезата до нејзината смрт, неодамна во една емисија откри анегдота за својата моминска вечер во 1986-та година.
Имено открила дека таа и принцезата Дијана биле маскирани во полицајки и дека отишле во еден ноќен клуб.
-Секако за да одите во ноќен клуб со принцезата од Велс мора да се маскирате… седнавме и келнерот ни рече: „Простете, но ова е клуб за забава, а ние не служиме полицајци тука“. Меѓутоа бевме толку многу уверливи што го убедивме обезбедувањето да го испразни клубот, а тоа и се случи. А потоа Дијана сама се разоткри признавајќи и на една жена дека има исти таков фустан каков што носела таа во клубот.
Сара ја потсетила дека се полицајки, но веќе било доцна.
-И тогаш нас не уапсија, раскажува Фергусон.
-Бевме во задниот дел од комбето и ги ставивме свршеничките прстени на другата рака, а Дијана само забележала отворен чипс кој земала да го јаде, вели Сара.
Потоа полицаецот и рекол дека не може да го јаде, а откако дознале кој се немало што да прават освен да ги пуштат да се до забавуваат.
Инаку војвотката од Јорк и поранешна сопруга на британскиот принц Ендру, Сара Фергусон со години беше една од најомразените членови на британското кралско семејство.