четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Мицкоски до Данела и власта: Сега откако го потпиша истиот грант за пречистителна станица поради кој го разреши директорот на Водовод, да ги прашам сега на кого му се рацете во медот

Мицкоски до Данела и власта: Сега откако го потпиша истиот грант за пречистителна станица поради кој го разреши директорот на Водовод, да ги прашам сега на кого му се рацете во медот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија во врска со грантот кој вчера се потпиша за пречистителна станица за Скопје, прашува кому се сега рацете во медот откако се потпиша истиот грант поради кој градоначалничката на Скопје го разреши директорот на Водовод, а СДСМ организираше црна кампања.

– Вчера се потпиша договорот, грантот, не се смени ништо, од Европска инвестициска банка кажаа дека се е чисти и сега чии раце се во медот? На прес конференција се појавува вицепремиер, министер за финансии, евроамбасадор, втор човек на Европска инвестициска банка и се потпиша грант од 70 милиони, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека немало вчера да се случи потпишувањето на грантот ако фалеле една точка или запирка.

– Каде се рацете во медот, кој ќе ми се извини? СДСМ која со народни пари плаќаше билборди по градот да организира црна кампања против мене или Данела Арсовска? – прашува Мицкоски.