четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Стартува Мото ГП шампионот

Стартува Мото ГП шампионот

Се е подготвено за стартот на новата сезона во Мото ГП шампионатот, закажан за недела во 15 часот со трката што ќе се вози на патеката Портимао во Португалија. Пеко Бењаја изненади многумина откако ланската сезона успеа да стигне до титулата.

Љубителите на мотоциклизмот ќе имаат можност да уживаат во рекорден број на трки, дури 21 во оваа 2023 година. Специфично е што секој викенд резервиран за Мото ќе имаме по две трки, спринт во сабота и главна трка в недела, а бодови ќе освојуваат по деветте најбрзи возачи во секоја.

Дукати по 15 години стигна до титулата преку Бањаја, а општ впечаток е дека овој тим одамна не бил толку силен, ако се знае дека покрај актуелниот првак во своите редови го има и Бастијанини, кој минатата сезона забележа неколку фантастични победи.

Тимот на Прамак Дукати ќе биде претставуван од Жоан Зарко и од Хорхе Мартин, а настап во Мото ГП ќе има и полубратот на Валентино Роси, Лука Марани, како дел од ВР46 тимот.

Што се однесува до Јамаха, тимот останува ист како и во 2022, Фабрио Квартараро се надева на титула.