четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Денес е големото дерби Вардар-Пелистер – МВР најавува посебни мерки

Денес е големото дерби Вардар-Пелистер – МВР најавува посебни мерки

Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер утре ќе го одиграат ракометното дерби со почеток во 18 часот со спортскиот центар „Јане Сандански“.

Од МВР најавуваат посебен сообраќаен режим со почеток во 18 часот поради натпреварот.

-Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на територија на општина Аеродром и по потреба сообраќајот ќе се пренасочува од крстосницата на бул. „Србија“ со бул. „АСНОМ“ кон СЦ „Јане Сандански“ и од крстосница на бул. „Јане Сандански“ и ул. „Васко Карангелески“ кон СЦ „Јане Сандански“. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, информираат од Министерството.