недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона потврди повреда на еден од своите дефанзивци

Барселона потврди повреда на еден од своите дефанзивци

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона има одлична предност на табелата во Ла Лига, но тренерот Чави се соочува со уште еден проблем во пресрет на последниот дел од сезоната.

Андреас Кристенсен заработил повреда на квалификацискиот натпревар на данската репрезентација и веднаш се вратил во Шпанија, каде направил и детални прегледи.

Барселона потврди дека Кристенсен има проблем со препоните и оди на принудна пауза, па по одреден период повторно ќе биде прегледан за да се утврди актуелната ситуација.

Медиумите шпекулираат дека данскиот дефанзивец нема да биде во комбинација во наредните три недели.