недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична за скопјанец кој превезувал мигранти

Кривична за скопјанец кој превезувал мигранти

Одделението за прекуграничне криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против К.Н. (25) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”.

-На 12.10.2022 во близина на с. Казандол пријавениот со патничко возило „алфа ромео“, прифатил шест мигранти од Сирија, без документи, а откако ги забележал полициските службеници од Полициска станица „Стар Дојран“, се дал во бегство, по што кај место викано „Чапарица“ во с. Казандол возилото било пронајдено, а во близина биле пронајдени и шестмината мигранти, информира МВР

На 28.03.2023 пријавениот бил лишен од слобода од полициски службеници од СВР Скопје, а од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје му е изречена мерка куќен притвор.