сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Денеска се слави светецот кој ги исполнил Христовите заповеди, а потоа му ја предал душата на Бога

Денеска се слави светецот кој ги исполнил Христовите заповеди, а потоа му ја предал душата на Бога

Свети Јаков е исповедник на православната вера во времето на иконоборството. За него се знае многу малку: Дека бил епископ, многу се подвизувал во пост и молитва, а пострадал веројатно во времето на императорот Константин Копроним.

Не се знае ни местото на неговото раѓање ни местото на неговото епископство.

Се знае само дека ги исполнил Христовите заповеди, подвизувајќи се многу во пост и во молитва и дека во времето на Копроним претрпел големи беди од иконоборците: Глад, затвор и секакво подбивање.

Најпосле Му ја предал својата света душа на Бога, Кому верно Му послужил во овој живот. Живеел и страдал во 7 век.