среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Дожд, снег и температури под нула- еве какво ќе биде времето до крајот на оваа недела

Дожд, снег и температури под нула- еве какво ќе биде времето до крајот на оваа недела

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Во Скопје облачно и студено, претпладне со слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Во следните два дена времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Од среда до петок утринските температури на места ќе се спуштаат под нула.

Најнови вести