понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Младите македонски фудбалерки ја пречекуваат Грузија

Младите македонски фудбалерки ја пречекуваат Грузија

Во рамките на УЕФА турнирот за жени до 19 години што се одржува во Скопје, женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години денеска од 13 часот, на тренинг центарот „Петар Милошевски“, ќе одигра натпревар со Грузија.

Покрај овие две селекции, на турнирот учествуваат и репрезентациите на Израел и Гибралтар, кои, исто така, ќе се сретнат денеска на стадионот „Македонија Ѓорче Петров“ во исто време.

Следните натпревари од групата ќе се играат во ист термин в петок и понеделник.

Судиските двојки на турнирот доаѓаат од Казахстан, Литванија, Словачка, како и двојката од нашата држава составена од Тамара Цветановиќ и Ангела Рајчевска.