сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Најатрактивната фудбалерка на светот ги изненади фановите со маестрален „рабона“ гол (ВИДЕО)

Најатрактивната фудбалерка на светот ги изненади фановите со маестрален „рабона“ гол (ВИДЕО)

Швајцарската фудбалерка Алиша Леман честопати е во центарот на вниманието поради својот физички изглед, но неодамна на еден тренинг го покажала фудбалскиот талент со кој може да се пофали.

Леман (24) веќе долго време настапува за Астон Вила, а нејзиниот погодок на тренинг стана вирален. Швајцарката објави видео на ТикТок на кое се гледа нејзиниот гол со популарната „рабона“.

„Рабона“ голот, таа го постигнала на еден од тренинзите на Астон Вила, кој го забележале надзорните камери, а со истиот ги изненади фановите кои дури ја споредиле и со Кристијано Роналдо.

@alishalehmann7

💘

♬ I Like It – Cardi B & Bad Bunny & J Balvin

Инаку Леман е најпопуларната швајцарска спортистка на Инстаграм, а нејзиниот профил има повеќе следбеници од профилот на легендарниот тенисер Роџер Федерер.

Таа стана популарна и откако стави крај на љубовната врска со соиграчката од швајцарската репрезентација, Рамона Бахман, поради бразилскиот репрезентативец Даглас Луиз.

Алиша и Даглас беа неколку месеци во врска, но парот наводно раскинал поради нејзините провокативни фотографии кои ги направила за потребите на еден календар.