понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси не се договори со ПСЖ, Аргентинецот на лето заминува од Париз

Меси не се договори со ПСЖ, Аргентинецот на лето заминува од Париз

Фудбалерот на ПСЖ и аргентински репрезентативец Лионел Меси ќе го напушти клубот од Париз на крајот на сезоната, објави денеска весникот Л’Екип.

Францускиот весник тврди дека Меси со раководството на францускиот шампион не постигнал согласност за продолжување на договорот, кој на аргентинскиот капитен му истекува на 30 јуни.

Според Л’Екип, челниците на ПСЖ му понудиле на Меси 78 милиони евра доколку го продолжи договорот до 2024 година, како и бонус од 115 милиони евра под услов аргентинскиот фудбалер да остане во Париз до јуни 2025.

Дел од навивачите на ПСЖ во Меси гледаат најголем виновник за елиминацијата на парискиот клуб во осминафиналето во Лигата на шампиони, а Аргентинецот беше исвиркан пред неколку денови во поразот од Лион (0-1) на „Паркот на принцовите“ во рамки на 29 коло во француското првенство.