четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Повеќе улици на Водно, Трансфузиологија и Хематологија во петок можно е да бидат без вода

Повеќе улици на Водно, Трансфузиологија и Хематологија во петок можно е да бидат без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 07.04.2023 година ( Петок ) поради поставување на нов мерач на проток во пумпна станица Водно, во периодот од 00:00 до 06:00 часот можен е прекин на водоснабдувањето на следниве улици : Питу Гули, Димо Хаџи Димов, Димитар Пандилов, Капиштец, Ганчо Хаџипанзов, Караорман, Ловќенска –крак 1,3, 5, 7, Партениј Зографски, Рилски Конгрес, Востаничка, Белградска и Ацо Караманов, вклучително клиниките за Трансфузиологија и Хематологија . (општина Центар)