вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бомба експлодира во близина на училиште за акушерки во Авганистан

Бомба експлодира во близина на училиште за акушерки во Авганистан

Во Џалалабад, главниот град на источната авганистанска провинција Нангархар, денеска експлодираше бомба во близина на училиштето за акушерки, соопштија авганистанските власти, не наведувајќи дали има жртви.

Атахулах, Когјани, портпарол на провинцискиот гувернер, изјави дека станува збор за терористички напад и дека во близина на центарот на градот се слушнала силна експлозија.

Портпаролот на провинциската здравствена служба Инамулах Мијакаил го потврди нападот.

Ниту еден од официјалните претставници не соопшти дали има жртви.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но талибанските бунтовници и исламските државни борци се активни во источниот дел на Авганистан, особено во Нангархар.

МИА