недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Штипјанец лажел дека ја изгубил возачката, а му била одземена од полиција во Грција

Штипјанец лажел дека ја изгубил возачката, а му била одземена од полиција во Грција

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Д.(25) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“.

На 14.03.2022 во СВР Штип – Отсек за управни работи, при поднесување на барање за издавање на возачка дозвола, пријавениот изјавил дека возачката дозвола ја има изгубено, а всушност, претходно му била одземена од полициски службеници во Република Грција поради сторен сообраќаен прекршок.