Оле Гунар Солскјер е подготвен да стане главен тренер на Клуб Бриж, објави „ Manchester Evening News“.
Педесетгодишниот фудбалски стручњак е во потесниот круг кандидати за преземање на тренерската функција во белгискиот клуб.
Поранешниот тренер на Лајпциг и Баерн, Дино Топмелер, како и тренерот на Стандард, Рони Дејл, се исто така претенденти за оваа работа.
Солскјаер е без ангажман од 2021 година, кога беше отпуштен од менаџерската функција на Манчестер јунајтед.