сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Македонските полицајци се мета на агресивни граѓани: Полицискиот билтен открива неколку случаи – еве ги деталите

Македонските полицајци се мета на агресивни граѓани: Полицискиот билтен открива неколку случаи – еве ги деталите

Во полицискиот билтен кој е испратен денес, се забележани низа случаи во кои македонските полицајци се мета на агресивни граѓани.

Додека ја вршат својата професионална должност, полицајците често се напаѓани од граѓани. Приведени се голем број лица, а во продолжение дознајте за какви случаи станува збор.

На 08.04.2023 во 02:15 часот пред угостителски објект на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, полициски службеници ги привеле А.П.(31), Х.Ш.(32), Д.Ј.(28) и И.Д.(28), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.04.2023 во 19:10 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници го привеле С.К.(41) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.04.2023 во 11:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле А.Н.(32) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и кон негова сосетка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.04.2023 во 04:35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Д.Д.(19)од Куманово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.04.2023 во 03:40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишиле од слобода А.И.(24) од село Петралица, кривопаланечко, затоа што во угостителски објект во општина Ранковце го нарушил јавниот ред и мир и се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.04.2023 во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Г.К.(61) од Охрид затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.04.2023 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле М.Д.(19) од Охрид затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.