недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Безобразлукот на Владата се гледа и по луксузните јавни набавки додека граѓаните едвај крај со крај излегуваат

Мицкоски: Безобразлукот на Владата се гледа и по луксузните јавни набавки додека граѓаните едвај крај со крај излегуваат

„Тоа е уште еден доказ за безобразлукот на Владата на ДУИ подржана од малцинскиот партнер СДСМ. Посебно во месец на Рамазански пости, во месец на Велигденски пости, да излегува еден ваков тендер, една ваква јавна набавка, кога навистина луѓето треба се воздржат ако ништо друго. Бидејќи секако просечно, скромно македонско семејство без разлика дали станува збор за Македонци, Албанци, или останати, едвај кубури крај со крај да поврзи во месецот, а тие еве гледате како се луксузираат. А, потоа ќе не убедуваат со јајцата, со пиперките, со доматите итн.“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето на новинарите за луксузирањето на власта преку набавка на луксузна храна и пијалоци.

Мицкоски додаде дека тоа е тоа лицемерие на власта кое што ги разочарува граѓаните, а потоа истите граѓани ја губат надежта и велат дека сите политичари се исти.

„Ве молам, не сме сите исти, многу сме различни. Многу сме различни, еве покажуваме на дело дека сме многу различни. Затоа јас вас како јавност, медиумите ве охрабрувам да истражите што е можно повеќе вакви би рекол девијантни однесувања посебно во вакви моменти, во месеци кога треба да се воздржуваме од изобилие, кога треба да се испостиме без разлика дали го празнуваме големиот христијански празник Велигден или пак сме дел од месецот на Рамазанските пости. Ја користам и оваа прилика еве на сите верници кои што го прославуваат големиот христијански празник Велигден според Грегоријанскиот календар да им го честитам и да им посакам многу здравје, среќа, успех ним и на нивните семејства“, порача Мицкоски.

Најнови вести