вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Павле Петровиќ потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер

Павле Петровиќ потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека потпиша нов двегодишен договор со ракометарот Павле Петровиќ (23).

Десниот бек, кој веќе трета сезона го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2, се обврза на договор до 2025 година и од сезоната 2023/24 ќе настапува за Еурофарм Пелистер.

Интернационалецот од Босна и Херцеговина се наметна со своите игри и како дел од процесот за развој од следната сезона ќе настапува за битолската екипа.

– Тука сум веќе некое време и задоволен сум и од градот и од луѓето, исто така и од управата на клубот. Задоволен сум како се работи. Што се однесува до новиот договор со Еурофарм Пелистер, ова е нов предизвик во мојата кариера. Мене ми преостанува да дадам сè од себе, да се покажам во најдобро светло, да работам на себе и се надевам резултатите ќе бидат видливи. Имав неколку шанси да заиграм за Еурофарм Пелистер, но не завршија добро за мене. Но, сега е нова прилика и се надевам дека ќе се изборам за место во тимот – вели Петровиќ.