Ракометарите на Вардар беза апсолутно никакви проблеми дојдоа и до седмата победа во плејофот од Суперлигата на Македонија. „Црвено-црните“ триумфираа со убедливи 35-19 против Охрид на дуелот во СЦ „Јане Сандански“.
Марио Стојановски беше најефикасен кај Вардар со 6 гола, а по пет погодоци постигнаа Дејан Манасков и Милан Лазаревски.