понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер со голот Хенеберг до победа против Алкалоид

Еурофарм Пелистер со голот Хенеберг до победа против Алкалоид

Со голот на данскиот интернационалец Себастијан Хенеберг на седум секунди пред крајот од натпреварот, Еурофарм Пелистер забележа победа во дербито против Алкалоид совладувајќи го домаќинот со 28:27.

Дуелот во Автокоманда беше израмнет и неизвесен до самиот крај. Двата тима се менуваа во водството, а во неизвесната завршница гостите од Битола успеаа да го реализираат последниот напад и да ги освојат бодовите на гостувањето во Скопје.

Најефикасни во редовите на Битолчани беа Хосни, Хенеберг и Васиљев со по шест погодоци додека на спротивната страна по четири пати во листата на стрелците се впишаа Симоноски и Митев.