недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Чеде Јаневски се раздели со АЕЛ Лимасол

Чеде Јаневски се раздели со АЕЛ Лимасол

Поранешниот македонски селектор, Чедомир Јаневски ја заврши соработката со кипарскиот прволигаш АЕЛ Лимасол.

Чеде го преземе клубот минатата година, но во изминатиов период резултатите не беа на посакувано ниво, екипата забележа само две победи на последните десет натпревари (сите конкуренции) по што управата реши дека е време за разделба со нашиот стратег.

Јаневски има големо искуство во кипарскиот фудбал каде има водено неколку клубови, а во досегашната кариера има работено и во Македонија, Белгија, Грција, Србија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Јужна Африка.

Нашиот ас го остави АЕЛ на безбедна позиција кога е во прашање опстанокот, на 9 позиција со 39 бода.