Лисандро Мартинез дефанзивецот на Манчестер јунајтед ја заврши сезоната. Аргентинецот во четвртокот против Севиља се здоби со фрактура на метатарзалната коска на стапалото.
Сепак, се очекува аргентинскиот дефанзивец навреме да закрепне целосно за да биде подготвен за стартот на следната сезона.
Мартинез се повреди во 86. минута од четвртфиналниот натпревар од Лигата на Европа со Севиља, кој заврши нерешено 2:2.
Голем проблем за Јунајтед е што на мечот со Севиља, само едно полувреме одигра Рафел Варан. И тој ќе биде надвор од тимот неколку недели. Во одбраната тренерот Ерик тен Хаг сега ги има само Мегваер и Линделоф.