Раководството на регионалната СЕХА лига објави дека планираните четвртфинални дуели меѓу екипите од дивизиите „Југ“ и „Исток“ нема да се играат.
Екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер и Партизан, како и победникот од хрватскиот двомеч меѓу Загреб и Нексе, добија забрани од националните олимписки комитети да патуваат во Русија и Белорусија.
Вардар требаше да се сретне со белорускиот првак Мешков Брест, а Еурофарм Пелистер со рускиот шампион Чеховски Медведи.
По оваа одлука, потврдено е дека на завршниот турнир во Санкт Петербург од 6 до 8 јуни ќе играат екипите на Мешков Брест, СКА Минск, Чеховски Медведи и Пермски Медведи.
Дополнително, од раководството на „југот“, треба да објават дали ќе има завршница меѓу најдобрите четири екипи од оваа дивизија.