недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија на Велики петок: Почина 43-годишен скопјанец додека работел за „Комунална хигиена“

Трагедија на Велики петок: Почина 43-годишен скопјанец додека работел за „Комунална хигиена“

На 14.04.2023 во 09:14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„11 Октомври“, при извршување работни задачи, А.С.(43) од Скопје – вработен во ЈП „Комунална хигиена“ се здобил со повреди и починал на местото.

Смрт констатил лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

За настанот бил известен трудов инспектор и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.