понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Напаѓачот на Лацио во болница – со него беа и неговите ќерки кога се судри со трамвај

Напаѓачот на Лацио во болница – со него беа и неговите ќерки кога се судри со трамвај

Напаѓачот на Лацио Чиро Имобиле се судри со трамвај и заврши во болница. Првите информации беа дека тој е само полесно повреден, но се чини дека работите се посериозни од тоа. И неговиот клуб објави и потврди дека работите не се ни малку наивни како што изгледаше на почетокот.

Од тимот од Рим наведуваат дека повредата не е безопасна.

„Има модринки во пределот на ‘рбетот, како и оштетување на реброто од десната страна. Се чувствува добро, но ќе остане во болница на дополнителни прегледи“, се вели во соопштението. Со него во автомобилот биле и неговите ќерки кои за среќа избегнале тешка повреда.