Ињиго Мартинез ќе заигра за Барселона. Како што јавува италијанскиот новинар за трансфери Фабрицио Романо, Мартинез неодамна бил на лекарски прегледи во Барселона и со каталонскиот клуб договорил соработка на две сезони.
Мартинез неколку години е поврзуван со Барселона, меѓутоа секој пат нешто го спречуваше да оди на „Ноу Камп“, прво високата откупна цена, потоа конкуренцијата (како стопери долги години играа Пике и Пујол), па потоа проблемите на Барса со финансиите, лимитираниот буџет за трансфери, но сега ќе може да заигра за „Каталонците“.
Ињиго прво играше за едниот баскиски клуб Сосиедад, а во 2017 година премина во лутиот ривал Атлетик Билбао. Како слободен играч ќе треба да премине на „Ноу Камп“.