Голем дел од шпанските и хрватските медиуми ја пренесоа веста дека голема е веројатноста Марсело Брозовиќ да замине од Интер летово и негова следна дестинација да биде Шпанија.
Одличниот играч од средниот ред би можел да го реализира трансферот на кариерата и да замине во еден од најголемите европски клубови.
Одамна е познато дека Барселона е сериозно заинтересирана за услугите на Брозовиќ. Каталонците се обидоа да го доведат и минатото лето како дел од директна размена на играчи, но Интер не ја прифати понудата и Хрватот остана во Милано.
Најновите информации велат дека Барселона уште еднаш испратила понуда до „нероаѕурите“ во која нудат двајца играчи како замена за хрватскиот репрезентативец.