четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Путин го посети регионот Херсон во Украина

Путин го посети регионот Херсон во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на состанок на воената команда во украинската област Херсон, која е делумно под контрола на Русија, јавија западни медиуми повикувајќи се на информации од Кремљ.

Путин ги слушал извештаите на командантите на воздухопловните трупи и армиската група „Дњепар“, како и други високи офицери, се вели во соопштението.

Посетите на рускиот претседател на штабови во Херсон и во Луганската Народна Република не беа однапред подготвени, соопшти прес-службата на шефот на руската држава. За време на посетите Путин ги слушаше извештаите на воените команданти за ситуацијата во регионите Херсон, Запорожје и Луганск.

Тоа е прва посета на рускиот претседател на регионот Херсон и Луганската Народна Република. Неговата претходна посета на украинските региони под контрола на руските сили беше на 19 март во Мариупол.