среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Брутално насилство во Србија: Бебе исечено од стакло додека татко му ги тепал неговите мајка и баба

Брутално насилство во Србија: Бебе исечено од стакло додека татко му ги тепал неговите мајка и баба

Полициски службеници во Србија во соработка со третото основно јавно обвинителство вчера го привеле С.С.(33) поради семејно насилство.

Во алкохолизирана состојба отишол кај поранешната сопруга Ј.Г.(32) во Бољевци каде почнал да ја малтретира. Ја удрил по глава и се заканил дека ќе ја убие.

Осомничениот ја нападнал и 54-годишната мајка на поранешната сопруга, која се обидела да ја заштити нејзината ќерка. Тој ја удрил со стол по телото, а потоа продолжил да крши се околу куќата.

При тој дивјачки напад, стакло летнало кон едногодишниот син и му го исекло лицето.

На С.С му е одредена мерка притвор до 48 часа, а против него е поднесена пријава за семејно насилство.