недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Пиеше цела ноќ, па со автомобилот „урна“ цел супермаркет!

Пиеше цела ноќ, па со автомобилот „урна“ цел супермаркет!

Поранешниот англиски фудбалер Дени Греам денес е главна тема на јавноста во Велика Британија, по видеото кое се појави на Интернет, а на кое се гледа како поранешниот играч на Сандерленд удри со својот автомобил во супермаркет.

Набргу потоа било потврдено дека бил во алкохолизирана состојба, а во полиција признал што испил. Греам целата своја фудбалска кариера ја помина во Англија и најмногу играше во Чемпионшип. Но, по завршувањето на кариерата тој најмногу ги полни колумните во медиумите поради своите инциденти, а така е и овој пат. Главна тема на вниманието на јавноста е видеото кое се појави на социјалните мрежи и покажува како Греам учествувал во сообраќајна несреќа. Имено, тој со својот автомобил удрил во супермаркет и веднаш се забележа дека е во алкохолизирана состојба, што подоцна го потврди и полицијата. Не е првпат Греам да седне зад воланот во алкохолизирана состојба и за среќа и овој пат не повреди никого.

Претходно поради истата причина му беше одземена возачката дозвола, но очигледно не ја научи лекцијата. По доаѓањето на полицијата, Греам не знаел што се случило, а кога му објасниле што направил. Англиските медиуми пренесуваат дека поранешниот фудбалер признал дека таа вечер испил дури десет пива, но дека не може да биде изненаден што седнал зад воланот. Но, ваквите изговори сигурно нема да го спасат бидејќи повторно ќе му биде одземена возачката дозвола. Тој се појави на суд и призна дека е виновен, но поради тоа што ги повторува грешките, судот овојпат не се смилува. Возачката дозвола му е одземена на две години. а дополнително има забрана за конзумирање алкохол во траење од деведесет дена. Тој исто така мора да изврши 180 часа општествено корисна работа на волонтерско ниво. Покрај сето тоа, Греам доби и парична казна од 199 фунти, но и јасна порака дека сигурно ќе заврши во затвор доколку ги прекрши забраните кои му се наметнати. Продавницата во која удрил била затворена пет дена додека не се санира штетата, а таа изнесувала 32.000 фунти.

Греам кариерата ја заврши на почетокот на 2021 година во Сандерленд, а играше и за Мидлсброу, Лидс, Блекпул, Карлајл Јунајтед, Ватфорд, Свонси, Хал Сити, Вулверхемптон и Блекбурн. но и јасна порака дека секако ќе заврши во затвор доколку ги прекрши забраните кои му се наметнати. Продавницата во која удрил била затворена пет дена додека не се санира штетата, а штетата изнесувала 32.000 фунти. Греам кариерата ја заврши на почетокот на 2021 година во Сандерленд, а играше и за Мидлсброу, Лидс, Блекпул, Карлајл Јунајтед, Ватфорд, Свонси, Хал Сити, Вулверхемптон и Блекбурн. но и јасна порака дека секако ќе заврши во затвор доколку ги прекрши забраните кои му се наметнати. Продавницата во која удрил била затворена пет дена додека не се санира штетата, а штетата изнесувала 32.000 фунти. Греам кариерата ја заврши на почетокот на 2021 година во Сандерленд, а играше и за Мидлсброу, Лидс, Блекпул, Карл